Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата во Дијарбекир

Жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата во Дијарбекир

Анкара, 22.јули 2015 (ИНПРЕС) – Во турскиот град Дијарбекир, во југоисточниот дел на земјата, вчера дојде до жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата, соопшти ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми.

Судирите беа предизвикани од група агресивно настроени лица, кои се собраа во неколку квартови од градот за да го изразат своето незадоволство од терористичкиот напад во градот Суруч.

Демонстрантите на улиците запалија канти со ѓубре, и врз полицајците фрлаа камења и шишиња со запаллива материја.
Силите на редот беа принудени да употребат солзавец и водени топови врз предизвикувачите на нередите.
Во градот се мобилизирани дополнителни единици од специјалци и оклопна техника.

Полицијата информира за уапсени лица. Според локалните медиуми, ситуацијата во градот постепено се нормализира.
Вакви судири претходната вечер беа организирани во истанбулскиот кварт Кадакој, каде полицијата употреби солзавец и водени топови и притоа приведе неколку десетици лица.(Крај)

извор:24 Вести фото:архива

Post navigation

Previous Претседателството на БиХ во посета на Белград
Next Унгарија состави листа на безбедни земји на потекло

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.