Атина, 27. јули 2015 (ИНПРЕС) – Грчките метеоролози од денеска очекуваат зголемување на температурите во целата земја, а топлотниот бран ќе надмине 40 степени Целзиусови во среда и четврток.
Во Атина денеска се очекуваат температури од 39 и 40 степени, а кон средината на седмицава и повеќе.
Прогнозите за Солун и околината се слични, но метеоролозите нагласуваат дека повисокото ниво на влажност во северниот дел на Грција вообичаено ја прави атмосферата понеподнослива. (Крај)
извор: Khatimerini фото: архива
