Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Виена е подготвена за Самитот за Западен Балкан

Виена е подготвена за Самитот за Западен Балкан

1 min read

Виена, 24.август 2015 (ИНПРЕС)- Во Виена се е подготвено за самитот за Западен Балкан кој кон крајот на август ќе се одржи во рамки на Берлинскиот процес, а кој минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел.

Австрија, годишен домаќин, ја прошири активноста поврзана за Самитот па се одлучи еден ден пред овогодишниот собир на шефовите на владите, министрите за надворешни работи и стопанства на Западен Балкан, да организира собир посветен на граѓанското општество во регионот, пренесува Танјуг.

На Форумот на граѓанските општества, претставниците на организацијата ќе имаат прилика да разменат ставови, да ја изнесат загриженоста и да формулираат конкретни препораки кои ќе бидат претставени на Самитот.

На форумот на граѓанските општества, како што е најавено во Виена, покрај домаќинот премиерот на Србија Александар Вучиќ ќе присуствува и неговиот албански колега Еди Рама. Министрите за економија на Западен Балкан и Австрија на 27 август ќе имаат работен појадок, а потоа состанок на кој ќе разменат ставови, чии заклучоци ќе ги изнесат шефовите на владите на Самитот.

Исто така и шефовите на дипломатијата имаат одвоен состанок, а потоа ќе се придружат на Самитот.

Според програмата, шефовите на владите ќе одржат состанок на 27 август со почеток во 11 часот, потоа ќе имаат заеднички појадок и потоа конференција за новинарите на која јавноста ќе ја информираат за разговорите водени зад затворени врати.

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц е задоволен бидејќи Самитот за Западен Балкан ќе се одржи во виенската палата Хофбург.

– Овој Самит ја зајакнува Виена како место на дијалог и покрај тоа е јасен сигнал дека Западен Балкан е наш приоритет, рече за австрискиот весник Тиролер Тагесцајтунг.

Западен Балкан, според Курц, е регион во непосредно соседство на Австрија, а во некои земји од регионот, неговата земја е најважен инвеститори, па поради тоа стабиблноста и стопанскиот раст на Западен Балкан е во интерес на Виена.

Собирот во Виена како што наведе тој, треба да послужи и на тоа ЕУ да ги поддржи земјите од Западен Балкан кај конкуретните проекти.

Берлинскиот процес има за цел идно приближување на земјите на Западен Балкан кон ЕУ. Според најавата на Министерството за надворешни работи, на собирот во Виена конкретни теми ќе бидат јакнење на регионалната економска и политичка соработка, посебно во областа на инфраструктурата, како и пристапниот процес.

На собирот во Виена покрај највисоките претставници на државите од регионот на Западен Балкан се очекува доаѓање на шефицата на ЕУ дипломатија Федерика Могерини, германската канцеларка Ангела Меркел, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер, италијанскиот премиер Матео Ренци.

Во Берлинскиот процес покрај шесте земји на Западен Балкан Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија, учествуваат и Германија, Италија, Франција, Хрватска, Словенија и Австрија.

По повод одржувањето на Самитот во Виена ќе се одржи и прослава за 10 годишнината на постоењето на Енергетската заедница.(Крај)

извор:А1Он фото:архива

Post navigation

Previous Починат маж пронајден во белградски автобус
Next На само 30-тина километри од Скопје се наоѓа престолнина на Џихадистите

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.