Каиро, 24.август 2015 (ИНПРЕС) – Убиен е лидерот на ИД одговорен за киднапирањето на Салопек. Египетските безбедносни сили наводно го убиле Абу ал – Касим, за кој се верува дека стои зад киднапирањето на хрватот Томислав Салопек, пишува Танјуг.
Оваа вест засега официјално не е потврдена, а медиумите наведуваат дека Касим е еден од лидерите на Исламска држава.Наводно, убиениот Абу ал – Касим е лидер на бригадата што стои зад киднапирањето на хрватот Салопек.
Премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека и тој ја добил информацијата дека е убиен лидерот на групата која стои зад киднапирањето на Салопек.
– Засега тоа не можам да го коментирам, но имам информација, изјавил Милановиќ.
Триесетгодишниот Салопек беше киднапиран на 22-ри јули во Каиро, каде работел за француската компанија ЦГГ. Исламска држава во замена за него барала ослободување на мусламанки од затвори.
Киднаперите на 5- ти август објавија видео со кое се закануваа дека ќе го погубат Салопек, а седум дена подоцна уште едно видео во кое се гледаше обезглавено тело.(Крај)
извор:Танјуг фото:архива
