Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Турција го слави денот на победата

Турција го слави денот на победата

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Анкара, 30.август 2015 (ИНПРЕС) – Во Турција денеска се одбележува националниот Празник на победата, 30 август, кога се одбележува победата на турската армија, предводена од Мустафа Кемал Ататурк против грчката армија за време на Ослободителната војна (1919-1922).

Одлучувачката битка, со која се бележи крајот на војната се случила во Думлупнар. Турската војска ги победиле Грците и постигнува решителна победа во борбата за независност на земјата.

Една година подоцна Ататурк ќе го прогласи основањето на Република Турција.

Празникот на победата е и професионален празник на турската армија.

Во Анкара ќе се одржи традиционална церемонија со положување венци и одавање почит во мавзолејот на Ататурк со учество на војници, предводени од началникот на Генералштабот и лидерите на сите главни политички партии.

За време на воената парада учесниците ќе направат демонстрации со пушки. Воздушно авиошоу ќе спроведе парада, а специјален хеликоптер ќе се симне до официјалната бина и ќе ги поздрави претседателот, премиерот и другите официјални лица. Церемонијата ќе биде преведена на пет јазици, англиски, германски, француски, шпански и руски.

Ердоган првпат ќе биде домаќин на традиционалниот прием во новата резиденција во Анкара, позната како Сарај Бештеле. Планирано е на церемонијата да присуствуваат околу три илјади лица.(Крај)

извор:Република фото:архива

Post navigation

Previous Албанската полиција заплени половина милион стебла марихуана
Next Убиен седумнаесетгодишен мигрант во Грција

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.