Скадар, 1. септември 2015 (ИНПРЕС) – Во Скадар и Валона уништени над три илјади стебла марихуана.
Во рамките на широката акција за уништување парцели засадени со марихуана, албанската полиција во подрачјата на северниот град Скадар и приморскиот Валона уништи над три илјади стебла од ова наркотично растение.
Полицијата од Полицискиот комесаријат Скадар на дванаесет парцели во атарите на неколку села уништила 1.530 додека во подрачјето на Валона на осум парцели, 1.606 стебла марихуана. Ден претходно во подрачјето на Тропоја биле уништен над 2.500 тебла марихуана чија висина достигнувала над два метра.
Само за два месеца од почетокот на големата акција, полицијата има уништено околу 60 илјади стебла марихуана, на парцели откриена низ целата територија на земјата. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
