Белград, 3. септември 2015 (ИНПРЕС) – Министерството за надворешни работи на Србија го повика на разговор турскиот амбасадор во Белград Мехмет Кемал, поради информации на сајтот на амбасадата, пишува денеска српскиот весник Blic.
Според изданието, на сајтот пишувало дека амбасадата се застапува за “Србија, Санџак и Војводина”. Од МНР оцениле дека тоа е скандалозна дефиниција на надлежностите на амбасадата. (Крај)
извор: Blic фото: архива
