Missing image

Потпишан Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Македонија и Естонија

Талин, 2. септември 2014 (ИНПРЕС) – Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министрите за социјална заштита и за здравство и труд на Естонија, Хелмен Кит и Урмас Крусе потпишаа Меморандум за соработка во областите на трудот, вработувањето и социјалната политика.

Согласно Меморандумот, соработката во наредните три години ќе се одвива пред се во областа на вработувањето, развивање и имплементација на политики за вработување, социјалната заштита, односно развивање и имплементација на политики и  мерки за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост на лицата кои се доведени во каков било вид на социјален ризик.

Ќе се соработува и во областа на заштитата на правата на децата, со посебен акцент на згрижување на децата со посебни потреби, системот на социјална сигурност, заштита при работа, еднакви можности на жените и мажите, како и активностите поврзани со започнувањето на водење преговори за членство во ЕУ. (Крај)

извор: 24 Вести фото: архива