Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Македонците од Албанија и Грција бараат враќање на нивните општини

Македонците од Албанија и Грција бараат враќање на нивните општини

Пустец, 3. септември 2014 (ИНПРЕС) – По одлуката на албанскиот парламент за донесување на нов Закон за територијална поделба, претставниците на македонското и на грчкото малцинство најавуваат жалби пред Уставниот суд на Албанија за враќање на нивните општини.

Законот за територијалната поделба е изгласан без присуство на опозицијата. Со новиот закон останува само една македонска општина и тоа Пустец. Македонците бараа трите општини во областа Голо Брдо, Стеблево, Острени и Требиште да се обединат во една која би се викала Голо Брдо. Се бараше и општините Запот, Шиштавец и Топојан во областа Гора да се обединат во една општина Гора. Овие предлози не беа прифатени.
И Македонската алијанса за европска интеграција и претставниците на грчкото малцинство се договараат за заеднички настап, за поднесување на заедничка жалба пред Уставниот суд. Според Македонската алијанса со новиот закон не се почитува Рамковната конвенција за националните малцинства.

Против новата територијална поделба е и Заедницата на локалните единици, која бара да има од 80 до 100 општини, а не 61 колку што се предвидени со законот. Досега во  Албанија имаше 373 општини. (Крај)

извор: МКД.мк фото: архива

Post navigation

Previous Србија ги зголеми резервите на злато
Next Дачиќ – Учеството на Србија во регионалните иницијативи е помош за нејзиниот развој

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.