Охрид/Њујорк, 12. септември 2015 (ИНПРЕС) – Охридската фотографка Натали Башоска сними кратко видео во Кинескиот кварт на Менхетен, Њујорк.
– Ова ми е втора година на уметничка академија во Њујорк, студирам филмска режија и фотографија. Во јуни годинава направив изложба со фотографии од Њујорк, а изложбата беше во Охрид и Скопје.
Инспирирана од слични мотиви го снимив ова видео во кинескиот кварт на Њујорк. Испирацијата ми беше секој дневниот живот на сите околу нас и етничките различности. Ги забележав моментите на кои што често не внимаваме но раскажуваат многу за една култура во тој момент, вели за новото видео Натали.
Натали Башоска потекнува од Охрид и студира филмска режија во Њујорк. Има 20 години, а е од холандско и македонско потекло. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива