Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дачиќ: Косово нема право да биде прифатена како членка на УНЕСКО

Дачиќ: Косово нема право да биде прифатена како членка на УНЕСКО

1 min read

Белград, 12. септември 2015 (ИНПРЕС) – Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ соопшти дека Албанија официјално поднела молба до УНЕСКО на следниот состанок на организацијата во октомври да се вклучи дискусија за прием на Косово како нејзина членка, пренесе Интерфакс.

– Од правна гледна точка Косово нема право да биде прифатена како членка на УНЕСКО, бидејќи предлогот за тоа не е даден од ОН, потсети Дачиќ.

– Општо земено, освен Албанија уште 44 од 195-те членки на ОН ја поддржуваат намерата на Косово да стане членка на УНЕСКО, додаде тој.

Дачиќ предвидува “тешка борба” по прашањето за прием на Косово во УНЕСКО.

– Ние сме подготвени за оваа борба, рече тој.

Претходно вицепремиерот на Косово и министер за надворешни работи Хашим Тачи изјави дека “рекорден број земји го поддржуваат вклучувањето на Косово во УНЕСКО”. (Крај)

извор: Blic фото: архива

Post navigation

Previous Китаровиќ: Хрватска останува вистински и верен пријател на БиХ
Next Московичи: Нема простор за загриженост од изборите во Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.