Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 8. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Пред парламентарните избори на доверба кон грчката влада главните опозициски партии се обратија кон премиерот Алексис Ципрас дека треба да разбере дека не може да смета на нивната поддршка, пишува весникот Kathimerini.
Во силно критични говор лидерот на “Нова демократија”, Евангелос Меимаракис, не остави сомнеж за тоа дека неговата партија нема да ја поддржи владата во спроведувањето на ветените мерки.
Во својот говор лидерот на ПАСОК Фофи Генимата исто така го отфрли повикот на премиерот кон централно-левичарската партија од опозицијата да се приклучат на Владата во “прогресивен фронт против неолиберализмот” и го критикуваше за тоа што ја повторил коалицијата со националистичката партија “Независни Грци”. (Крај)
извор: Kathimerini фото: архива
