Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Србија очекува УНЕСКО да го одбие барањето за членство на Косово

Србија очекува УНЕСКО да го одбие барањето за членство на Косово

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 12.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Извршниот совет на УНЕСКО денес во Париз ќе одлучува дали на дневен ред на заседанието ќе биде ставен предлогот за препорака за прием на Косово во членство на организацијата.

Извршниот совет има 58 членки, од кои 32 го признале Косово, а дваесетина од нив веќе го поддржале барањето за прием на Косово во Унеско.

Ако прашањето за прием на Косово денес биде вметнато на дневен ред, за него би можело да се расправа и гласа околу 20 октомври. Одлуката се носи со мнозинство на гласови, а доколку предлогот биде прифатен конечна одлука за прием на Косово во членството носи Генералната конференција на УНЕСКО, која има 195 земји членки.

Барањето за прием на Косово во Унеско формално ја поднесе Албанија, а ја поддржаа 45 земји.

Во очи на заседанието на Извршниот совет во Париз, премиерот на Србија Вучиќ испрати писмо до сите членки на УНЕСКО во кое наведува дека барањето на Косово да стане членка на организацијата се коси со ставовите на меѓународното право и поради тоа од политички и морален аспект за Србија е апсолутно неприфатлив.

-„На државите, што Косово всушност не е, им се даваат културни споменици. Јас се надевам дека политиката ќе биде во втор план и дека ќе преовлада она што всушност е УНЕСКО“- изјави во емисија на РТС, претседателот на владината комисија на Србија за исчезнати лица Вељко Одаловиќ.

Тој додаде дека српското културно наследство на Косово треба да биде предмет на преговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел. Како што наведе, според Резолуцијата 1244 Советот за безбедност на ОН, полицијата на Србија може да се врати во КОсово во одреден број, а особено да ги чува српските манастири.(Крај)

извор:Локално фото:архива

Post navigation

Previous Продолжуваат преговорите за повторно обединување на Кипар
Next Двајца мажи ги извеле самоубиствените напади во Анкара

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.