Брисел, 22. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека е разочаран од ставот на Црна Гора и Македонија, кои при гласањето во Извршниот совет на УНЕСКО се изјаснија за препораката за прием на Косово во Организацијата, но нагласи дека не е изненаден од тоа.
– Тоа е нешто што сигурно ќе мораме да го поставиме како прашање во односите со нив, изјави денеска Дачиќ при гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк.
Како што јави Танјуг, Дачиќ изјави дека „како некој се однесува кон интересите на Србија, така и Србија ќе се однесува кон неговите интереси“. (Крај)
извор: Pink/RTS фото: архива
