Брисел/Белград, 10. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Србија ги исполнила акционите планови кои се бараа пред отворањето на поглавјата 23 и 24 во рамките на преговорите за добивање на членство во ЕУ, и е потписник на важни договори со Косово како дел од процесот за нормализирање на односите меѓу двете балкански соседи.
Ова го потврди соопштението на ЕК во врска со годишниот извештај за напредокот на Србија.
ЕК смета дека Србија продолжила да напредува во политичките и економските критериуми. Земјата сепак мора да се консолидира и да ги зајакне економските и структурните реформи, вклучувајќи ги и оние во јавната администрација и економското управување. (Крај)
извор: BTA фото: архива
