Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Србија е најсиромашната земја во Европа

Србија е најсиромашната земја во Европа

Белград, 8. септември 2014 (ИНПРЕС) – Србија е најсиромашната земја во Европа, покажаа резултатите од истражувањето на српскиот статистички институт.

На прагот на сиромаштија во Србија живеат 1,8 милиони луѓе, што значи дека секој четврти жител е сиромав. Земјата е на прво место со 24,6 отсто од населението кое живее на прагот на сиромаштијата. Грците живеат за нијанса подобро со 23,1% од жителите во крајна сиромаштија. На трето место е Романија со 22,6%, следува Шпанија со 22,2%, а Бугарија е петта со 21,2% сиромашно население.

– Границата на сиромаштијата во 2012 година беше малку над 115 евра за секое домаќинство во Србија. За трочлено семејство е 241 евра, објасни Тијана Томиќ од Националниот статистички институт на Србија.

Денес околу половина од Србите едвај составуваат крај со крај. Во јули социјална помош во износ од 1,1 милијарди динари била исплатена на 267.000 луѓе.

Најниската плата во земјата е 7.700 динари. (Крај)

извор: Танјуг фото: архива

Post navigation

Previous 80% од Грците не очекуваат дека ќе се подобри економската ситуација во земјата
Next Гувернерот на Централната банка на Албанија имал имот и во Македонија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.