Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Босанските муслимани против радикализирањето на муслиманската заедница

Босанските муслимани против радикализирањето на муслиманската заедница

1 min read

Сараево, 5. декември 2015 (ИНПРЕС) – Босанските муслимански интелектуалци, политичари и религиозни лидери, упатија заеднички повик против исламскиот екстремизам и радикализирањето на муслиманската заедница и изразија одлучност да го заштитуваат умерениот ислам во БиХ, пренесе БТА.

Повикот беше упатен три седмици по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица. Пет дена подоцна исламист застрела со автоматско оружје двајца босански војници.

– Треба одново да ја штитиме нашата религија, нашата култура, нашата држава и нашите вредности, оние на умерениот ислам. Се спротивставуваме на секаква форма на радикализам, на насилен екстремизам и на тероризам, изјави политичкиот лидер на босанските муслимани Бакир Изетбеговиќ.

Во декларација, усвоена по средбата на околу 40 муслимански високи претставници во Сараево, учесниците, меѓу кои босанскиот муфтија Хусеин Кавазовиќ, бараат властите да се спротивстават на екстремистите. (Крај)

извор: BTA фото: архива

Post navigation

Previous Повторно штрајкови во Грција
Next Грчкиот парламент го одобри буџетот за 2016 година

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.