Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дачиќ: На Македонија и пречи таблата, а нам ни пречи што во Унеско гласаа за прием на Косово

Дачиќ: На Македонија и пречи таблата, а нам ни пречи што во Унеско гласаа за прием на Косово

1 min read

Белград, 11. декември 2015 (ИНПРЕС) – Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека не гледа причина за забелешките на Македонија во врска со таблата со ознака „БЈРМ“ поставена на делница на Коридорот 10, пренесуваат српските медиуми.

– На нив сега им пречи таа табла, а нам не треба да ни пречи тоа што во Унеско гласаа за прием на Косово?, праша Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи истакна дека овие аргументи ги изнела и амбасадорката на Србија во Скопје, на средбата во македонското министерство за надворешни работи, каде ѝ бил пренесен устен демарш поради поставувањето на таблата.

Министерството го образложило својот протест со тоа што Србија Македонија, иако во Обединетите нации се води под ознаката „ПЈРМ“ (FYROM), ја призна под уставното име Република Македонија.

Поради тоа Македонија бара ознаката „граница са БЈРМ“, која осамна на таблата за податоци за изведувањето на работите на патот Владичин Хан – Доњи Нерадовац, да биде итно отстранета.

Дачиќ, меѓутоа, категорично порача дека таблата останува. (Крај)

извор: мкд.мк фото: архива

Post navigation

Previous Столтенберг утре во посета на Албанија
Next Косово бара помош од ЕУ за демаркација на границата со Црна Гора

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.