Брисел, 14. декември 2015 (ИНПРЕС) – На меѓувладината конференција во Брисел, Србија денеска ќе ги отрвори првите две поглавја во преговорите со ЕУ, со што ќе почне нова етапа во процесот на европските интеграции.
Српската делегација, на втората меѓувладина конференција, но која ќе биде отворено Поглавјето 32, кое се однесува на финасиска контрола и Поглавјето 35, кое е посветено на нормализација на односите меѓу Белград и приштина, ја предводи премиерот Александар Вучиќ.
Според оценките на европските претставници, денешната конференција не претставува само техничко отворање на првите поглавја, туку станува збор за нова фаза во процесот на европските интеграции на Србија, чии реформи, напредок во дијалогот со Приштина и придонесот кон подобри регионални односи беа пресудни за чекорот что денеска ќе биде направен. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива
