Missing image

ФОН и Ремедика со заеднички проект за децата со посебни потреби

Скопје, 18. декември 2015 (ИНПРЕС) –  Универзитетот ФОН во соработка со Ремедика, здружението за деца со посебни потреби –
“Дајте ни крилја”, УНИБанка АД Скопје и ВИВА организираше експертско предавање и трибина на тема: “Образование по мерка” на кои беа присутни повеќе родители и деца, кои заедно бараа излез од стигмата и можност за еднаквост во општеството.

Универзитетот ќе додели целосни стипендии за студии за децата со посебни потреби.

УНИБанка за овој настан обезбеди паќетчиња со Пино играчки кои се изработени по стандарт Ен 71 еколошки дозволиви за употреба по правилник за својства за употреба на детски игачки.

Обврската кон општеството е еден од највисоките приоритети во системот на вредности на УНИБанка и претставува составен дел од нејзината деловна политика изјави М.р- Катерина Здравева, директор на Дирекцијата Маркетинг реклама и Односи со јавноста во УНИБанка. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива