Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Хаг, 19. декември 2015 (ИНПРЕС) – Поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, на повторното судење пред судот на ООН во Хаг, се изјаснија за невини по обвиненијата за воени злосторства во Босна и Херцеговина и во Хрватска.
Новото судење на Станишиќ и Симатовиќ почна вчера кога двајцата обвинети се изјаснија за невини, откако Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, МКТЈ, на почетокот на оваа недела ја поништи нивната претходна ослободителна пресуда.
Судот на ООН во вторникот пресуди дека се направени значајни правни и фактички грешки кога судот на ООН, во 2013 година, ги ослободил Станишиќ и Симатовиќ од обвиненијата за воени злосторства во Босна и Херцеговина и во Хрватска. (Крај)
извор: balkaninsight фото: архива
