Љубљана, 21. декември 2015 (ИНПРЕС) – Скоро две третини од оние што гласаа на вчерашниот референдум во Словенија се изјаснија против истополните бракови.
Од милион и седумстотини гласачи на референдумот излегоа 36 насто. Словенечкиот парламент во март годинава го редефинира бракот како „заедница на двајца возрасни“, а не како што претходно беше „заедница на маж и жена“ и им дозволи на хомосексуалните парови да можат да посвојуваат деца.
Конзервативните организации поддржани од Католичката црква инсистираа на спроведување референдум. Словенците и во 2012 година не референдум се изјаснија против ваквите бракови. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива
