Подгорица, 4. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека „Црна Гора е играчка на НАТО и ЕУ“ ја оцени како навредлива за Црна Гора, најавувајќи дека има намера тоа да му го каже и лично, при првата следна средба.
Николиќ пред десетина дена во разговор за „Спутник“ ја критикуваше Црна Гора заради влезот во НАТО, констатирајќи дека таа свесно ја поништува својата самостојност во донесувањето одлуки и се препорача како држава која ќе прифати се што ќе и биде речено за да влезе во НАТО и ЕУ, истакнувајќи притоа дека таа „не е играчка и дека луѓето кои ја водат не смеат така да ја третираат“.
Вујановиќ на новинарите во Подгорица им кажа дека досега немал можност за средба со Николиќ, односно дека „едвај ја очекува таа средба“ на која ќе го предупреди „да не се меша во црногорската државна политика, бидејќи Црна Гора со ништо не го загрозила својот суверенитет нити го пренела на НАТО или ЕУ“. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
