Јанева го достави извештајот за сработеното до Собранието и Советот на јавни обвинители

Скопје, 15. март 2016 (ИНПРЕС) – Катица Јанева денес до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители го достави Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци.

Постапувајќи согласно членот 7 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Јавниот обвинител кој раководи со ова Јавно обвинителство- Катица Јанева денес до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители го достави Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци, соопштија од Специјалното обвинителство.

Од СЈО информираат и дека од денес во функција е нашата нова интернет страна www.jonsk.mk, но со оглед дека сеуште немаат вработено на лица кои ќе можат да извршат превод на содржините од интернет страната, од обвинителството соопштуваат дека преводот кој е на располагање е автоматски и не е соодветен, и во најскоро можно време ќе бидат извршени корекции. (Крај)

извор: МТВ фото: архива