Missing image

Њујорк Тајмс: Околу 90 камикази се подготвени да нападнат ширум Европа

Њујорк, 22. март 2016 (ИНПРЕС) – Француската полиција, во лов на џихадисти во својата земја, од ден во ден објавува нови информации од својот интерен извештај, во кој вид имале новинари на Њујорк Тајмс.

Според податоците во извештајот, сигурно е дека терористите напредуваат во техниката на шифрирање и изработка на експлозивни направи со цел остварување на своите ‘цели’.

Понатаму во извештајот се наведува дека во овој момент во Европа има 90 бомбаши самоубијци кои се подготвени за напади во најголемите европски градови.

Во споменатиот извештај се наведуваат плановите на терористите кои вклучуваат и ангажирање на фалсификатори на документи и шверц на експерти за експлозиви од Сирија во Европа.

– Бомбите што тие ги користат е многу лесно да се направат. Траги од истиот експлозив се пронајдени на секое место што е нападнато во Париз. Користен е експлозив од типот ТАТР што е можно да се направи со материјали во домаќинствата – ацетон или избелувач. Кога тие ќе се помешаат стануваат многу нестабилни. Оној што се занимава со тоа, многу добро знае што работи, се вели во извештајот. (Крај)

извор: Makfaks фото: архива