Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 7. април 2016 (ИНПРЕС) – Грчките власти потврдија дека челникот на Римокатоличката црква на 14 април ќе дојде за лично да се запознае со бегалската криза.
Папата Франциско ќе ја посети Грција со цел од прва рака да се запознае со бегалската криза во земјата, потврди официјален претставник на грчката влада. Светиот Синод на Грчката православна црква, изјави дека папата сака да ги посети островите во Егејското Море, каде што минатата година пристигнаа илјадници бегалци.
Грчката православна црква претходно најави дека го прифатила предлогот за посетата на папата во Грција која е тешко погодена од бегалската криза.
Во соопштението папата рекол дека сака да дојде во Грција со цел да го привлече вниманието на поширокиот конфликт во регионот „кој катастрофално влијае на христијанските заедници, но, исто така, да укаже на хуманитарниот проблем на бегалците кои бараат подобра иднина во Европа“. (Крај)
извор: Утрински фото: архива
