Атина, 11. април 2016 (ИНПРЕС) – Европската полиција уфрлила тим од прикриени агенти, во центрите за регистрација на мигрантите во Грција, за да се спречи инфилтрација на оперативци на Исламска Држава, пишува „Катимерини“.
Словенечкиот директор на Европскиот центар против криумчарење мигранти, Роберт Чрепинко, изјавил дека 10 прикриени полицајци се на тајна задача на осторвите Лезбос, Самос, Хиос и Лерос, како и во пристаништето во Пиреја.
Според директорот, задачата на оперативците е да се даде поддршка и на грчките власти во битката со овој вид организиран криминал. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
