Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Коѕиас: Треба да созреат условите кај нашиот сосед за да прифатат компромис за името

Коѕиас: Треба да созреат условите кај нашиот сосед за да прифатат компромис за името

Атина, 16. мај 2016 (ИНПРЕС) – Решението на спорот за името се уште не е на хоризонтот според грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Во интервју за весникот „Катимерини“ Коѕиас коментира дека во Македонија уште не се созреани условите за да може да се прифати компромисно решение за името.

– Што се однесува до спорот за името, сметам дека треба да созреат условите кај соседната држава за да прифатат еден суштински компромис, вели Коѕиас за „Катимерини“.

Коѕиас на почетокот на април имаше средба со медијаторот Метју Нимиц за името и според неофицијали информации заклучоците биле дека нема очекувања во брзо време да има драстичен напредок во преговорите. Медијаторот самиот неодамна посочи дека ќе ги реактивира преговорите, но откако ќе завршат изборите во Македонија.

Независно од спорот за името, Коѕиас забележува дека двете држави работат во пракса на спроведување на мерките за градење доверба. Како што потенцира мерките имаат за цел да се засилат општествените и економските врски меѓу двете држави и народите. Грчкиот министер во интервјуто изразува и задоволство од априлскиот Самит за бегалската криза во Солун на кој учествуваа Грција, Македонија, Албанија и Бугарија. (Крај)

извор: Телма фото: архива

Post navigation

Previous Нов кандидат за член на НО Атлантик Група
Next Тачи: Косово е во нова фаза во дијалогот со Србија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.