Сараево, 9. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Лидерот на Српската радикална партија (СРС) Војислав Шешељ изјави денес дека на мандатарот за состав на новата влада на Србија Александар Вучиќ му пренел дека нема да биде дел од новата српска влада.
Шешељ на новинарите во парламентот им кажа дека веднаш на почетокот на разговорот на Вучиќ му кажал дека СРС е спремна за соработка и коалициски договор под услов тој и неговата влада да ја напуштат политика на зачленување во ЕУ и да се преориентираат на интеграција со Русија.
– За сѐ би можело да се најде решение ако се откаже од ЕУ и на тоа инсистирав. Тоа е провалијата меѓу нас која не може да се надмине без промена на владината политика, кажа Шешељ, истакнувајќи дека Вучиќ од таквиот став, според него, бил разочаран.
Тој со Вучиќ разговарал за разни теми, главно економски, а старо-новиот српски премиер му ја претставил суштината на идната влада за која Шешељ ќе се изјасни по поднесувањето на експозето во собранието.
На прашањето како ја доживеал средбата со Вучиќ по осум години, Шешељ кажа дека изгледало како првпат да се сретнуваат и запознаваат. Тој истакна и дека на средбата не се зборувало за минатото. (Крај)
извор: МКД.мк фото: МКД.мк
