Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Симеон Николов: Бугарија не прави доволно за надминување на недоразбирањата со Македонија

Симеон Николов: Бугарија не прави доволно за надминување на недоразбирањата со Македонија

1 min read

Софија, 16. септември 2014 (ИНПРЕС) – Практиката за заеднички амбасади постои помеѓу земји кои се пријателски и меѓу кои има висок степен на доверба, анализира Симеон Николов, директор на Центарот за стратегиски истражувања во безбедноста и меѓународните односи за бугарски БгНес.

– Оваа практика се користи при неопходност од заштеда на државни ресурси за одржување на дипломатски мисии и во географски оддалечени области. Еден од условите e земјите да имаат исти интереси во државите во кои ќе отворат заеднички дипломатски мисии. Како што е јасно од пораката испратена од Скопје, допрва ќе се решава во кои земји ќе се откриваат такви амбасади. Оваа идеја не и беше туѓа и на нашата администрација, и ако треба да кажам, да, сме разговарале во минатото за слична идеја, да и предложиме на Македонија отворање на заеднички амбасади, но и за идејата за воена служба на Македонците во бугарската војска. Но власта гледаше на предлозите на експертите како на нешто егзотично и нереално, бидејќи постојат непремостливи тешкотии. Тие се кријат во антибугарската пропаганда на Македонија, која почива всушност на една стара, но можеби сеуште жива дипломатија на поранешниот Сојуз на југословенските републики. Се испостави дека македонизмот е една доктрина, која е премногу силна за да биде надмината лесно. Без да се надмине тоа, ние не можеме да создадеме заеднички амбасади, какви планираат да отворат Македонија и Србија, анализира Николов.

Според него, вториот проблем е што кога две земји го прават тоа, тогаш сфаќаат дека амбасадите им се доста чувствителни структури, во поглед на дипломатијата и безбедноста и во секоја амбасада се наоѓа посебен сектор за безбедност, во кој пристигнуваат и се праќаат шифрираните пораки до соодветната престолнина.

– Тоа се прави со највисок можен степен на тајност за секоја држава. Уште посложено е ако под маската на амбасадата дејствува резидентура на разузнавањето на соодветната земја, какви резидентури и денес има во странските амбасади во Софија. Сите овие проблеми по безбедноста се земени во предвид од страна на Србија и Македонија, кога се решавало дали во некои земји ќе бидат отворени заеднички амбасади. Оваа практика од страна на Србија и Македонија е обид за силно приближување и материјализирање на досегашното влијание на Србија во Македонија. Тоа и досега постоеше, вклучувајќи ги и српските разузнавачки служби, кои оставија во Македонија огромна база. Предуслов за овој чекор е заедничката европска иднина на двете земји. За жал, ние гледаме дека во Македонија има назадување, што е констатирано и од страна на Брисел. Назадување, затоа што во периодот по 2006 година беше најавена економска преродба, интегрирање и приближување кон ЕУ, додека по 2011 година веќе има разочарување од претставниците на ЕУ за Македонија, вели Николов.

Во Србија, но и во Македонија, за жал се раѓаат чувства меѓу мал број на луѓе кои се против европските вредности. Тука го имам во предвид здружението „Македонски манифест”, што пред неколку дена повика на прекин на преговорите за името на Македонија и на напуштање на патот кон ЕУ и НАТО, како и Фејсбук групите во Србија, а и во Македонија, кои побараа поблиски односи во врска со настаните во Украина и анексијата на Крим. Има трендови кои се проблематични, додава Николов.

– Би сакал да истакнам дека во потегот на Србија и Македонија за отворање заеднички дипломатски претставништва нема ништо изненадувачко, имајќи го во предвид влијанието на Србија во Македонија. Од друга страна, на прашањето зошто Бугарија нема такви односи, треба да разбереме дека таа не направи доволно во минатото за надминување на тешкотиите во бугарско-македонските релации. Тоа се изразува на прво место преку долгиот и трнлив пат кон потпишување на добрососедскиот договор, кој ние како земја го поставивме како услов за поддршка за членството на Македонија во ЕУ. Второ, Бугарија не направи доволно за прикажување на историските личности и нивно ставање во преден план, оставајќи Македонија да изврши „кражба“ на бугарска историја, што е и удар против бугарскиот суверенитет. Трето Бугарија не направи речиси ништо и за Македонците со бугарска самосвест. Македонија се чувствува притисната и под закана од албанскиот фактор и тоа ја турка кон поблиска соработка со Србија. Бугарија во овој поглед не даде знак и не направила ништо. Грешките на Бугарија се многу во оваа насока и затоа таа нема, и можеби нема ни да има наскоро заеднички дипломатски мисии со Македонија, анализира Симеон Николов, директор на Центарот за стратегиски истражувања во безбедноста и меѓународните односи за бугарски БгНес. (Крај)

извор: БгНес фото: архива

Post navigation

Previous Братушек – Унијата ќе продолжи да ја поддржува Србија на европскиот пат
Next Ердоган: „Мудис“ и „Фитч“ вршат политички мотивирани проценки за економијата во Турција

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.