Missing image

Ракометната селекција обезбеди пласман на СП во Франција 2017

Скопје,16. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Македонската машка ракометна репрезентација синоќа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ успеа да ја надомести негативата од шест гола од минатата недела и со 34-27 се пласираше на СП кое ќе се одржи во Франција следната година.

За огромната победа на репрезентацијата придонесоа и Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски, кои за последен пат настапија во репрезентативниот дрес.

Светското првенство во Франција ќе се одржи од 11-29 јануари 2017 година, а ќе биде петто за Македонија, вкупно деветти настап на големите собири и шесто во континуитет од 2012 година. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива