Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Белград и Приштина постигнаа договор за слободно движење

Белград и Приштина постигнаа договор за слободно движење

Белград, 17. септември 2014 (ИНПРЕС) – Властите во Белград и Приштина постигнаа договор за слободно движење на косовските граѓани на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и на уште пет гранични премини меѓу Србија и трети земји.

Ова го соопшти портпаролот на еврокомесарот за надворешна политика Маја Коцијанчиќ по средбата меѓу работните групи на Косово и Србија.

– Високиот претставник на ЕУ за прашањата на надворешната политика и безбедност Кетрин Ештон ја поздрави одлуката на Белград да додаде на договорот нови гранични премини – аеродромот „Никола Тесла” и уште пет гранични премини со Хрватска и Унгарија, се вели во соопштението.

Овој договор значи дека граѓаните на Косово ќе можат да патуваат низ територијата на Србија на пат за трета земја. Договорот треба да стапи во сила најдоцна за два месеци.

Договорот на двете работни групи беше постигнат во Брисел, каде се водат сите преговори меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ. (Крај)

извор: АФП фото: архива

Post navigation

Previous Ердоган: „Мудис“ и „Фитч“ вршат политички мотивирани проценки за економијата во Турција
Next Тирана и Приштина ќе отвораат заеднички амбасади

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.