Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Српското министерство за внатрешни работи понуди помош за Македонија

Српското министерство за внатрешни работи понуди помош за Македонија

Белград, 8. август 2016 (ИНПРЕС) – Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ соопшти дека разговарал со неговиот македонски колега Митко Чавков, при што понудил помош на српската полиција за Македонија.

– Во име на Министерството за внатрешни работи понудив сили кои би можеле да заминат на помош, во смисла на спасување и заштита на луѓе, изјави Стефановиќ.

Тој нагласи дека неговиот македонски колега е ангажиран и се обидува да ја реши тешката состојба поврзана со поплавите и невремето што ја зафатија Македонија, додавајќи дека во овој момент македонската страна проценува оти може да ја држи ситуацијата под контрола.

– Во добра и постојана комуникација Србија е подготвена да излезе во пресрет и да помогне. Како и во случајот со мигрантите, сакаме да покажеме дека сме тука за нашите соседи и дека можат да се потпрат на нас и да знааат дека Србија е тука не само да се штити себе си и да се грижи себично за своите интереси, туку и да покаже дека се грижи и за други луѓе, со што ја штити и својата земја, изјави Стефановиќ, кој денеска заедно со неговата бугарска колешка Румјана Бачварова ги посетија граничните премини Калотиниа и Градина на границата меѓу Бугарија и Србија. (Крај)

извор: Б2 фото: архива

Post navigation

Previous Фрлена експлозивна направа во зградата на парламентот на Косово
Next Меѓународниот суд во Косово осуди поранешен член на ОВК на осум години затвор

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.