Атина, 24. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Првиот смртен случај од маларија во еден од бегалските кампови предизвика тревога во 12 региони во Грција, во кои исто така се регистрирани и болни луѓе.
Моментално се работи за 65 случаи од маларија од кои само четири меѓу локалното население, 11 меѓу патниците кои стигнале од Африка, а 50 меѓу мигрантите кои влегле во Грција.
Министерството за здравство тврди дека се преземени сите неопходни мерки за да не се шири епидемијата, во 12 општини главно во северна Грција но и на Пелопонез, спроведен е карантин. Атинската лекарска асоцијација предупредува дека состојбата е алармантна поради големиот број на мигранти кои се заразени и понатаму влегуваат во земјата и живеат во нехигиенски услови. (Крај)
извор: МИА фото: архива
