Missing image

Косово поставува нови услови за дијалог со Србија

Приштина/Белград, 27. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Српските весници пишуваат дека српската влада ќе ги разгледа новите услови, кои ги постави приштина за продолжување на дијалогот со Белград.

Директорот на српската владина служба за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека доколку Приштина смета дека треба да разговара со ултиматуми и не е подготвена да разговара на друг начин, тоа значи дека тие се откажуваат и дека нема да има дијалог.

Тој додаде и дека ситуацијата е мошне сериозна и дека јавноста ќе биде информирана за натамошните чекори. (Крај)

извор: МРТВ фото: архива