Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Тирана, 23. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Во четири одделени акции италијанската, албанската, косовската и грчката полиција за неполни два дена запленија повеќе од 5,3 тони албанска марихуана.
Италијанската полиција во пристаништниот град Бари заплени 1.350 килограми марихуана и уапси двајца албански државјани.
Дрогата од албанскиот брег била транспортирана со моторен чамец. Поморската полициска патрола, Гуарда ди финанца, го забележала чамецот, почнала да го следи и по неколку часа чамецот бил запрен.
Полицијата запленила и три автомобили и пет мобилни телефони. Дрогата, според првичната истрага, била наменета за тиранскиот нарко пазар, каде тие биле „активни“ подолг период.
Во близина на градот Коница, на 14 километри од грчко-албанската граница, запленети се над 210 килограми марихуана, откриени во возило на 64-годишен грчки државјанин. Уапсени се и двајца албански државјани на 27 и 34 годишна возраст, кои со нивниот автомобил биле во улога на претходница. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
