Атина/Анкара, 30. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Грчките и турските воени бродови имале кратко, но исклучително тензично пресретнување во близина на грчки острови во Егејското море. Како што пренесуваат грчките медиуми, тоа биле „седум минути на работ на војна“.
Министерството за одбрана на Грција објави дека турски ракетен крстосувач заедно со уште два помали брода на турските специјални сили навлегле во грчки територијални води во близина на група на мали острови со назив Имија.
Како што пренесува AFP, овие помали острови се наоѓаат во близина на турскиот брег, а Анкара исто како и Атина тврди дека полага право на тие мали острови.
„Бродовите на грчката Крајбрежна стража и воен брод на воената морнарица ја следеа турската група на бродови, ги известија за нарушувањето, а Турците го напуштија тоа подрачје после седум минути“, соопштија од грчкото министерство за одбрана. (Крај)
извор: Точка/ AFP фото: архива
