Охрид, 6. март 2017 (ИНПРЕС) – Засега непознати сторители синоќа го оштетиле возилото сопственост на судијката Билјана Белеска Пројкоска, вработена во охридскиот Основен суд, која работи на предмети од областа на кривичното право.
Настанот кој се случил на улицата „АСНОМ“ во Охрид, во близина на домот на судијката, бил пријавен во СВР Охрид. Искршени се стаклата од возилото. Се работи на откривање на сторителите и расчистување на немилиот настан, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Сторителите ги искршиле двете ветробрански и двете стакла од совозачката страна. На возилото немало оставено никаква порака.
(Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива