Битола, 7. март 2017 (ИНПРЕС) – Светски познатиот унгарски виолинист Роби Лакатош со концерт во Битола.Публиката ќе има можност да ужива во уникатната, виртуозна изведба на „ѓаволскиот виолинист“.
Лакатош ќе настапи заедно со битолскиот камерен оркестар. Концертот е закажан за 26-ти овој месец, во НУ Центар за култура – Битола, а влезниците веќе утре ќе бидат пуштени во продажба.
– Врвниот виолинист, виртуозот на „Чардашот”- Роби Лакатош за прв пат ќе гостува во Битола. Тој не е само виртуоз, со неговата уникатност и стилска разновидност создава магија на сцената. Со леснотија ја комбинира класичната музика, со џез и унгарски фолклорен идиом, информираат од секторот за односи со јавност на НУ Центар за култура-Битола.
Во досегашната кариера, Лакатош настапувал на најпознатите фестивали во Европа, Азија и Америка, а сцената ја делел со најголемите џез имиња како Херби Хенкок, Квинси Џонс, Стефан Грапели…
извор: МИА фото: архива