Охрид, 10. март 2017 (ИНПРЕС) – Охрид е домаќин на 5 – та регионална обука од Програмата за професионала рехабилитација на лицата со телесен инвалидитет.
Вкупно 25 професионалци од владиниот, невладиниот и бизнис секторот од различни профили се запознаа со проблематиката на професионална рехабилитација.
Се пренесуваат искуства и добри практики од ЕУ, а се дискутира и за тоа колку истите може да се имплементираат кај нас.
Главната цел е што поголемо и поквалитетно интегрирање на лицата со инвалидитет на пазарот на трудот, развој и спроведување на професионална рехабилитација и услуги на лична асистенција, како и подобрување на услугите за ранливите категории население.
Присутните разменија искуства и експертиза од оваа област, во насока на зајакнување на нивните капацитети, истакна Александра Ѓоргиевска помлад експерт во тренинг компонентата и во компонентата за пилотирање на професионална рехабилитација.
– Проектот е составен од три компоненти. Промовирање и воспоставување на систем за професионална рехабилитација на лицата со инвалидитет и нивно пилотирање во центри за професионална рехабилитација. Втората компонента промовирање на систем за лична асистенција на лица со инвалидитет. Третиот дел е надградба на постоечкиот систем за мониторинг, односно вмрежување на на центрите коишто работат во областа на професионална реахабилитација и вработување на лица со инвалидитет, рече Ѓоргиевска.
Меѓу другото, Ѓоргиевска истакна дека одзивот кај бизнис секторот за овој проект бил понизок, но од нивна страна настојувале да се вклучат заштитни друштва кои вработуваат лица со инвалидитет.
Со првата компонента на пилот проектот за професионала рехабилитација на лицата со телесен инвалидитет се опфатени осум региони во земјава. Проектот е финансиран од ЕУ, преку програмата ИПА, а го имплементира консултантската компанија White Young & Green. Краен корисник ќе биде Министерството за труд и социјална политика. (Крај)
извор: Инпрес фото: Инпрес