Missing image

Ал Пачино задоцни на премиерата на неговиот најнов филм

Лондон, 22. септември 2014 (ИНПРЕС) – Актерот Ал Пачино и неговата колешка Џесика Частејн задоцнија околу час и половина на премиерата на филмот „Salome“, бидејќи беа блокирани од учесниците во протестите против климатските промени во Лондон.

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Лондон, за да повикаат за итна акција против климатските промени. Возилото со кое патувал Пачино се нашло во хаосот кој настанал на лондонските улици. Tака актерот и неговата колешка задоцниле на премиерата на филмот и краткиот документарен филм снимен за истиот.

– Беше лудница. Секогаш е така во Лондон. Еднаш бев во сообраќаен метеж со лимузина и за да пристигнам побрзо слегов и си фатив такси. Не беше многу пријатно, изјавил актерот за британскиот весник „Дејли Меил“.

Инаку „Salome“ е филмската верзија на претставата на Оскар Вајлд, а „Wilde Sаlome“ е документарен филм за тешкотиите низ кои минува Ал Пачино како режисер и актер во драматичниот филм. (Крај)

извор: Дејли меил фото: архива