Missing image

Во Охрид се одржува работилница за соработката меѓу НАТО и ЕУ

Охрид, 25. август 2017 (ИНПРЕС) – „Соработката меѓу НАТО и ЕУ во проектирањето на стабилност за Западен Балкан“ е насловена работилницата што од денес до вторник, 29-ти август се одржува во Охрид.

Во фокусот на работилницата ќе биде развивање и размена на мислења за промовирање на евроатлантската интеграција, како и меѓусебно разбирање и соработка при креирање и одржување на мрежите на Центарот за напредни безбедносни студии.

Како главен говорник ќе биде претставникот на НАТО, Марк Леити. На работилницата, која е во организација на Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии, НАТО колеџот во Рим и невладината Маршал центар од Македонија, ќе присуствуваат видни професори од НАТО колеџот во Рим, д-р Пал Дунау и д-р Себастијан вон Мунчоу. (Крај)

извор: Инрес фото: архива