Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Николиќ – На Балканот најмногу терористи се врбуваат од Албанија и Косово

Николиќ – На Балканот најмногу терористи се врбуваат од Албанија и Косово

Њујорк, 27. септември 2014 (ИНПРЕС) – Од балканскиот регион најмногу терористи се подготвуваат во Албанија и Косово, истакна српскиот претседател Томислав Николиќ пред Генералното собрание на ОН.

– Србија е сериозно загрижена поради зголемениот број на врбувани лица од балканскиот регион за „Исламската држава“ и другите терористички групи. Според податоците на Меѓународниот центар за истражување на радикализмот и политичкото насилство во Лондон, областите каде се врбуваат најмногу странски борци, освен Европа и Блискиот Исток, се Балканот и земјите од поранешниот Советски Сојуз, истакна Николиќ.

Тој во говорот цитираше и конкретни бројки:

– Во Албанија има околу 140 лица, Босна и Херцеговина 60, Македонија до 20 лица, Србија тројца, Бугарија – еден. Но, за нашата покраина Косово и Метохија бројката е многу повисока – до 150 луѓе. Ова мора да биде запрено, истакна српскиот претседател во говорот пред Генералното собрание на ОН. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Благојевиќ – Има доволно пари да им се помогне на поплавените области во Србија
Next Ердоган – Не се исклучува испраќање на војници во Сирија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.