Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Претепан братот на српскиот премиер Вучиќ

Претепан братот на српскиот премиер Вучиќ

Белград, 28. септември 2014 (ИНПРЕС) – Припадници на српската Жандармерије денес го претепале Андреј Вучиќ, братот на српскиот премиер Александар Вучиќ и уште три лица од личното обезбедување на премиерот на Србија, јави Телеграф.рс.

– Братот на Александар Вучиќ е претепан од припадници на Жандармеријата, изјавил за порталот близок извор до српскиот премиер.

Поради сериозноста на повредите, Андреј Вучиќ бил веднаш пренесен на ВМА.

– Андреј Вучиќ во моментот на нападот бил заедно со три лица од обезбедувањето, кои ги добил од државата како член на семејството на премиерот. Во центарот на Белград денес биле се распоредени силни полициски сили поради геј парадата, а припадниците на Жандармеријата го нападнале Вучиќ, откако претходно се обиделе да го легитимираат, заедно со неговото обезбедување. Инцидентот се случил во близина на „Славија“. Прво започнала вербална расправија, која прераснала во тепачка, изјавил за порталот истиот извор.

Foto: S. Pikula

Претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ денес за 15:00 часот закажа вонредна конференција за новинарите. (Крај)

извор: Телеграф.рс фото: архива

Post navigation

Previous Засилени мерки на безбедност во Белград поради геј парадата (Фото)
Next Лавров – ЕУ не смее да им наштети на српско – руските односи

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.