Охридската гимназија ги објави резултатите од екстерните испити за државна матура

Охрид, 5. јули 2019 (ИНПРЕС) – ОСУ „Св. Климент Охридски“ ги објави резултатите од екстерните испити за државна матура во учебната 2018/2019, во јунскиот испитен рок.

На нивната веб страница, матурантите може да ги најдат комплетните резултати по одделните предмети кои ги полагаа.

Доколку имаат приговори, средношколците истите ќе може да ги поднесуваат денес, 5-ти јули и понеделник и вторник, 8-ми и 9-ти јули во периодот од 08:00 до 15:00.

Резултатите од испитите, упатство и формулар за поднесување приговор може да најдете ОВДЕ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива