Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 23. степени

Охрид, 11. јули 2019 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23. степени.

– До сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес