Во чест на Денот на независноста во понеделник ќе се одржи планинарска тура „Две езера – две стратешки цели – ЕУ и НАТО“

Охрид, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Денот на независноста, во понеделник, на 9-ти септември 2019 година, Министерството за одбрана организира планинарска тура „Две езера – две стратешки цели – ЕУ и НАТО“.

До врвот Лако Сигној на планината Галичица ќе се искачуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со припадници на Армијата.

Учество најавија членови на владата, амбасадори, одбранбени аташеа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: makedonium.net