Missing image

„Мадам Батерфлај“ во Македонската опера и балет

Скопје, 4. октомври 2014 (ИНПРЕС) – На 17-ти овој месец, Македонската опера и балет ќе ја изведе операта „Мадам Батерфлај“.

Диригент е маестро Џанлука Мартиненги од Италија, а режисер Александар Текелиев од Бугарија.

Настапуваат:
Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај): Мина Јамазаки (Јапонија)
Пинкертон: Ѓорѓи Цуцковски
Шарплес: Борис Трајанов
Сузуки: Марика Поповиќ
Горо: Дејан Стоев
Бонзо: Невен Силјановски
Јамадори : Игор Гиновски
Кејт Пинкертон: Николина Јаневска
Дете: Евгенија Кочоска
Мајката На Чо Чо Сан: Катерина Митева
Тетките на Чо Чо Сан: Биљана Јосифов, Марија Наумовска
Комесар: Зоран Даскаловски
Офицер: Игор Пармаковски
Слугa:Слободан Стојчевски
Морнар: Диме Петров
Самураи: Драган Ампов, Драган Костадиновиќ
Јакусиде: Теофил Николовски

Синопсис

– Нагасаки, Јапонија кон крајот на деветнаесетиот век. На цветна тераса над пристаништето на Нагасаки, Американскиот поморски Капетан Бенџамин Франклин Пинкертон ја проверува куќата која ја изнајмил од брачниот посредник, Горо, кој му обезбедил и жена-гејшата Чо Чо Сан, позната како Мадам Батерфлај. На Американскиот конзул, Шарплес, Пинкертон му ја објаснува филозофијата на морнар кој крстари по светот во потрага по задоволства.

Три години подоцна, Чо Чо Сан го чека враќањето на својот маж. Таа стои покрај вратата со поглед фиксиран кон пристаништето. Трогнат од нејзината преданост, Шарплес заминува без да ја открие целата содржина на писмото. Чо Чо Сан во моментот на очај слуша топовски истрел. Грабајќи го телескопот, таа открива дека бродот на Пинкертон влегува во пристаништето. Како паѓа ноќта, Чо Чо Сан, Сузуки и детето го почнуваат своето исчекување.

Кога се зазорува, Сузуки инсистира Чо Чо Сан да се одмори. Пеејќи му приспивна песна на нејзиното дете, таа го носи во соседната соба. Со плачливо простување, Чо Чо Сан го праќа во градината да си игра и потоа се прободува. Додека умира, го слуша Пинкертон како го повикува нејзиното име. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива