Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Тинејџер во Белград украл автобус и застанувал на секоја постојка

Тинејџер во Белград украл автобус и застанувал на секоја постојка

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 16. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Српската полиција приведе 17-годишно момче со иницијали С.Б. поради сомневање дека вчера украл градски автобус во Белград и го управувал од една до друга дестинација по линијата на која вози автобусот. Против момчето ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено користење на туѓо возило, информираат српските медиуми.

С.Б. е осомничен дека вчера попладне украл автобус на линијата 59 во Белград и со него се возел од белградска Автокоманда до Видиковец. При тоа момчето застанувало на секоја станица и собирало патници.

Според српските медиумите 17-годишникот немал возачка дозвола.

Возачот на автобусот тргнал во потера по момчето кое го украло автобусот и го пресретнал со својот автомобил попречувајќи му го патот. Го извлекот од автобусот и чекал доаѓање на полицијата.

-Ја завршив првата смена и го оставив автобусот на последната станица бидејќи колегата доцнеше неколку минути поради протестот на таксистите. Автобусот го паркирав, ја затворив врата и тргнав кон дома, кога колегата ми се јави и ме праша „Каде е автобусот?“. Мислев дека се шегува – вели возачот за „Србија данас“

Како што раскажува тој успеале да го лоцираат автобусот со помош на авто-центарот.

-Возев позади автобусот некое време. Не знае кој е зад воланот и не смеев да реагирам затоа што имаше патници. Се плашев да не испаничи и да не повреди некој од патниците. Целата траса ја возеше како професионалец. Ниедна грешка не направи, ниту пак промаши некоја станица. Кога сврте кон Видиковец застанав пред автобусот и му го попречив патот. Со раце ја отворив вратата и влегов во автобуст. Пред себе видов тинејџер. Бев шокиран. Ми рече „Немој брате!“, го фатив и го изнесов од автобусот – раскажува 40-годишниот возач.

Патниците сведоци на случката во меѓувреме се јавиле во полиција и пријавиле дека некој го тепа возачот на автобусот, но ситуацијата за разјаснила кога дошла полицијата, по што момчето било уапсено. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

Post navigation

Previous „Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје
Next Серија земјотреси кај Драч, најсилниот од 6,3 степени, почувствуван и во Охрид

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.