Париз, 21. ноември 2019 (ИНПРЕС) – И Франција ја заврши ратификацијата на протколот за пристапување на С.Македонија во НАТО, објави вицепремиерката и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Со ова ратификацијата на завршија 28 земји-членки и останува уште Шпанија.
– Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска на Фејсбук.
Шпанија треба да формира прво влада, по изборите кои се одржаа на 10-ти ноември. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера не сакаше да прогнозира кога ќе се случи тоа.
– Мислам дека е неблагодарно сега да прогнозираме кога ќе формираат влада иако тие имаат автентичен изворен интерес тоа да го направат побрзо. Битно е дека сме тука, учествуваме во работата веќе како да сме членка – порача Димитров вчера од Брисел каде учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Алијансата, што претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3-ти и 4-ти декември. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива